Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново – Бунец во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја

Vreme.webp.webp

Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново – Бунец од синоќа, од 23:20 часот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Се интервенира на негово расчистување, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026