Утрински Весник
Македонија

РУСКИ ЛАДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Снег ќе има и во градовите!

Meteoalarm.mk 49.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток се спушта кон нашата Република Македонија, односно истата се спушта од Русија, денес (петок 3 октомври) поради понатамошно нејзино спушање ќе биде уште поладно од вчера  и максималните дневни температури на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе биде најизразен во Повардарието каде локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.


Денес (петок 3 октомври) снежната граница ќе се спушти и на помала надморска височина, односно под 1000 метри, па така повремен снег ќе има  и во дел од повисоките градови особено во северните предели од нашата Република Македонија.

И во Скопскиот регион ќе има повремен дожд а на околните планини и повисоки места ќе провејува повремен снег проследен со засилен ветер од северен правец. Максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 7 степени.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка

Таткото пријавил во полиција: Син ми призна дека убил момче кај Сарај – Детали за убиството

Евакуација во „Ист гејт“ по аларм за пожар – утврдено дека станува збор за лажна тревога