Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Zemjotres.webp.webp
Img 7972

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди денеска западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри оддалеченост од покраината Текирдаг, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, наведуваат турските медиуми.


Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.

По земјотресот кабинетот на гувернерот на Истанбул објави дека „досега не се пријавени штети во Истанбул“.

„Нашите тимови на терен започнаа пребарувања низ целиот град. Ги молиме нашите граѓани да не се приближуваат до објектите што може да бидат оштетени и да ги почитуваат најавите на надлежните институции“, се наведува во соопштението што го пренесе Хуриет.

Земјотресот, кој се случи во 14:55 часот по локално време, со епицентар во Мраморното Море, а беше почувствуван и во Истанбул, што е оддалечен околу 100 километри од епицентарот, каде што луѓето во паника истрчаа на улиците, објави порталот Сон Саика.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk