Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Шукова: Ќе го вратиме духот на Скопје со култура, младински хабови и нов семеен авантуристички парк

Kaja skopje 20 p 2.jpg
300x250 opst2

Соопштение за јавност на СДСМ:

„Скопје е град со душа но таа душа последниве години е напуштена. Сакам да ѝ ја вратиме, културната енергија, урбаниот дух и јавниот простор на граѓаните”, изјави Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје, претставувајќи ги проектите од својата програма во делот култура и урбан живот.


Шукова најави големи инвестиции во културна инфраструктура, младински простори, туризам, урбана уметност и семејна рекреација.

„Плоштадот, Чаршијата, Калето, Водно, Матка тие треба да бидат нашето лице, а не заборавени точки. Ќе ги уредиме, ќе поставиме туристичка сигнализација и дигитални мапи, и ќе понудиме културни рути за граѓаните и туристите”, истакна Шукова.

Особено внимание ќе се посвети на јавната уметност и поддршка за младите уметници.

„100 нови мурали во сите делови на градот. Тоа ќе бидат дела на млади луѓе кои ќе имаат шанса да создаваат, да се изразат, да го разубават градот. Скопје ќе стане галерија на отворено”, најави таа.

Клучен проект во програмата е трансформацијата на ГТЦ во младински и стартап центар.

„Без да се наруши архитектурата на ГТЦ, ќе ги активираме празните локали за културни и бизнис иницијативи на млади луѓе. Ова ќе биде отворен, урбан простор за креативност и нова енергија”, порача Шукова.

Во планот се вклучени и големи инфраструктурни проекти како изградбата на нов Конгресен центар до 2028.

„Скопје мора да стане град на меѓународни настани, саеми, конференции. Ќе изградиме Конгресен центар за 3.000 посетители, со модерна инфраструктура за паралелни настани и културни програми”, рече таа.

Шукова најави и создавање на Градски волонтерски центар.

„Во духот на Скопје од ’63, ќе изградиме организирана мрежа волонтери кои ќе помагаат во кризни ситуации, настани, и ќе бидат поддршка за старите лица. 

Волонтерството ќе стане дел од градската политика”, порача таа.

Меѓу клучните цели е и подготовката за 2028, кога Скопје ќе ја понесе титулата Европска престолнина на културата.

„Ова е шанса еднаш во генерација. Ќе ја искористиме за да го обновиме културниот живот, да ги вмрежиме уметниците, да креираме фестивали, платформи и сцени низ градот”, додаде кандидатката.

На самиот крај, таа го претстави и проектот Скопје Авантура првиот комплекс од овој тип во регионот.

Можете да прочитате

Половина Скопје попладнево без парно греење – Има дефект

Поскапе водата за пиење во Скопје

Ѓорѓиевски најави мега-проекти за Скопје: Клучка Хиподром, трета лента на „Александар Македонски“ и прва фаза од булеварот „Хрватска“