Утрински Весник
Скопје

Ацевски: Незаконски и криминално, под превезот на училиште е донесен ДУП за дваесеткатници и хемиски фабрики

Whatsapp image 2025 10 02 at 11.48.40 faba40b9.jpg

Под превезот на градинка и училиште е донесен криминален детален урбанистички план во Ѓорче Петров кој вклучува дваесеткатници и хемиски фабрики, истакна во гостување во „Студио 10“ на ТВ24 кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски.

„Каде е основното училиште за населбата „Александрија“? Под превезот на градинка и училиште донесоа криминален ДУП. По две мислења од Град Скопје, од два различни градоначалници, едното во времето на Шилегов и другото во времето на Данела Арсовска, значи две различни комисии му даваат негативно мислење за ДУП-от за предвидените дваесеткатници“ вели Ацевски.


Стојкоски распишува нова јавна анкета, по забелешките на Град Скопје ја намалуваат катноста, за потоа да прифатат забелешка, да ја вратат катноста без јавна анкета и без мислење од Град Скопје, објасни Ацевски и истакна дека сите процедури се прекршени при носењето на овој детален план.

„Што ќе каже за повлечената согласност од Водовод за тој ДУП и укажувањето како тој ДУП директно ќе го загрози водоснабдувањето на Град Скопје. Процедурите се прекршени. И во Кочани дискотеката ги имала сите дозволи па видовме што се случи“ вели Ацевски.

Можете да прочитате

Град Скопје ја разреши директорката на „Лајка“, Анима Мунди бара итно повлекување на одлуката

Кисела Вода и Илинден ќе добијат нови полициски станици

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на Аеродромци