Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Ацевски: Загадувањето во Ѓорче не може да се реши со изградба на хемиски фабрики во центарот на општината!

Aczevski 24.jpg
Img 7972

Соопштение за јавнот на СДСМ:

Загадувањето во Ѓорче не може да се реши со изградба на хемиски фабрики во центарот на Ѓорче, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски во гостување во „Студио 10″ на ТВ24.


–  „Не може да се реши загадувањето со мега паркови изградени врз депонии без претходно да бидат соодветно исчистени, не може да се реши доколку училиштата се греат со фосилни горива, ниту со ненавремено одржување на зелени површини. Не може да се реши ни со изнајмување на тримери и дувалки кои се плаќаат по 1.200 денари од час. Сите знаеме каква е хигиената во Ѓорче, а загадувањето не може да се реши со создавањето на диви депонии, најмалку со стимулирање на нови депонии, истакна Ацевски.

Според него, решението за загадувањето покрај чистење на дивите депонии е и во промена на начинот на загревање на училиштата и градинките, како и редовно одржување на зелените површини.

– Треба да се промени начинот на загревање на училиштатата и градинките, со пумпи на принцип вода-вода, чистење на дивите депонии, навремено одржување на зеленилото  и да има сезонски работници кои навистина се сезонски работници, не да се трошат 21 милион денари на фигуративни „работници”, истакна Ацевски.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски најави мега-проекти за Скопје: Клучка Хиподром, трета лента на „Александар Македонски“ и прва фаза од булеварот „Хрватска“

Османи: Соживотот е срцето на Чаир

Шукова: Ќе го вратиме духот на Скопје со култура, младински хабови и нов семеен авантуристички парк