Утрински Весник
Македонија

СИБИРСКИ БРАН: Ќе наврне над 60 сантиметри снег, а ќе има и појава на мраз!

Meteoalarm.mk 15.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност  и на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток, односно од Русија која се спушта кон нашиот дел од Европскиот Континент, до крајот на денов како и утре (петок 3 октомври) времето во нашата Македонија ќе биде облачно и невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври со врнежи од дожд кои во најголем дел ќе бидат обилни и ќе наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, локално и над 60 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.


На повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег  и на планините ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона (над 50/60 сантиметри снег). Поради заладувањето понатаму повремени врнежи од снег ќе има  и во дел од повисоките градови во западните  и во северните предели од нашата Македонија.

Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период исто така ќе биде невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври а ќе дува  и повремено засилен ветер од северен правец. Времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места од Скопје ќе има врнежи од снег. Во Скопскиот регион очекувам локално да наврнат над 30/40 литри дожд на метар квадратен а на околните планини ќе се формира снежна покривка.

Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а утре (петок 3 октомври) ќе биде уште поладно со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени. На планинските  и високите места температурите ќе бидат под нулата  и ќе има појава на мраз.

Апелирам доколку патувате низ планинските превои задолжително да понесете со себе зимска опрема  и да бидете крајно внимателни како управувате со своите возила, и тоа поради појавата на мраз  и обилните врнежи од снег.

Можете да прочитате

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции

За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство

Тетовец му го позајмил „бмв“на познаник, па наместо кај механичар завршило на отпад