Утрински Весник
Скопје

Марковски: Пречистителната станица е еден од најкапиталните проекти за Скопје

20251001145025 big 730x400 59.webp.webp

Пречистителната станица за отпадни води е еден од најкапиталните проекти за градот Скопје, но и за целата држава, кој е во фаза на реализација.

Професорот Горан Марковски, кој е независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно”, денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за овој проект, како еден од најсуштинските за градот.


– За жал, овој проект беше мета на дневнополитичките игри и пресметки од институциите и партиите. Во наредниот период, доколку ја добијам поддршката од граѓаните целосно ќе се фокусираме на навремена и целосна изградба на пречистителната станица, која треба да овозможи заштита на животната средина и подобар квалитет на живот за сите скопјани, истакна Марковски.

Професорот Марковски напомена дека здравјето на граѓаните мора да биде прв приоритет, а секоја мерка и политика треба да бидат во таа насока: почист воздух, вода и почва.

Тој продолжува со своите активности во рамки на кампањата, средбите со граѓани и јавните настапи кои имаат за цел да овозможат презентација на програмата за подобро Скопје.

Марковски ги повика граѓаните да гласаат за бројот 128 за градоначалник на Скопје, како и за бројот 35 за листата на советници за Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска.

Можете да прочитате

Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци од понеделник до четврток во Скопје

Инспектори затекнаа диво фрлање отпад во Аеродром и на „Рузвелтова“

Без вода и струја утре повеќе улици во Скопје