Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Три лица уапсени на автопатот Скопје-Тетово, „летале со „бмв“ и „ауди“

Policija brzinomer.jpg
300x250 opst2

Вчера во периодот од 15:50 до 17:30 часот на автопат Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода И.У.(36) од Гостивар, Р.А.(20) од Струга и Б.Љ.(23) од Тетово.

При сообраќајна контрола со радар констатирано е дека И.У. управувал патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 173 километри на час, дека Р.А.(20) од Струга управувал патничко моторно возило ,,ауди“ со струшки регистарски таблички со брзина од 181 километри на час и дека Б.Љ.(23) од Тетово управувал патничко моторно возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина од 221 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час, известија од МВР.


Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можете да прочитате

Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери

Јавното обвинителство и Транспаренси Интернешнл-Македонија потпишаа меморандум за соработка

Филипче од Кичево: Време е за обединување а не за поделби, тоа е вистински патриотизам