Утрински Весник
Скопје

(Видео) Како до почист воздух во Скопје? Втор дел од дебатата „Пет прашања“

Image.png

Денеска во вториот дел од посредното соочување на програмите на кандидатите за градоначалнак на Скопје раговараме за квалитетот на животната средина.

На прашањето „Што ќе преземете за обезбедување почист воздух и здрава животна средина?“ одговараат кандидатите Каја Шукова од СДСМ, Амар Мециновиќ од Левица, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, независниот кандидат Горан Марковски и Александар Трајановски од ЛДП/ГРОМ.


Сите кандидати имаат заеднички заклучок дека воздухот во Скопје е загаден поради неколку извори и сите ветуваат преку свои мерки и проекти дека ќе обезбедат почист воздух и поздрава животна средина.

Денеска е трет ден кампања, а се уште нема најава дека ќе се организира јавна дебата со сите кандидати, па ова е една од ретките прилики каде јавоста може да чуе пет различни мислења на една иста тема.

Можете да прочитате

Возилата ќе се одземаат на 6 месеци, Град Скопје започна акција против дивите превозници

Герасимовски: 20 години Центар за деца со церебрална парализа, пример за инклузија

Карпошани го одбележаа меѓународниот ден на лицата со попреченост