Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Утре почнува реализацијата на проектот „градски воз“ од Драчево

Img 8159.jpeg

„Ти се поклонувам, мое Драчево!“ – со овие зборови кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се обрати на вечерашната средба со граѓаните која прерасна во митинг.

Во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, Ѓорѓиевски ја претстави визијата за „достоинствено Скопје“.


Посебен акцент на настанот беше ексклузивната најава од министерот Николоски дека утре ќе се потпише договорот за старт на проектот „градски воз“. Првата линија ќе минува токму низ Драчево, а граѓаните ќе можат да стигнат до центарот на Скопје за само 7 до 11 минути.

– Ова е историски чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници скопјани и ќе отвори пат кон едно поразвиено, современо и поврзано Скопје – порача Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека силната поддршка од Владата е доказ дека „заедно можеме да ја изградиме иднината што ја заслужуваме“.

Можете да прочитате

Герасимовски:Преку Сервисот за стари лица, нашите сограѓани добиваат помош, грижа и човечка топлина во домот

Физичка пресметка на гробиштата во Ѓорче Петров

Левица Аеродром: Експлоатација на сезонските работници во општина Аеродром