Утрински Весник
Македонија

Штипскиот градоначалник Јорданов избегал од предизборно ТВ соочување со кандидатот на СДСМ

557635781 10238292332543166 360122230503958246 n.jpg

Актуелниот градоначалник на Штип и кандидат за нов градоначалнички мандат Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, Ива Јорданов не се појавил на ТВ соочување со неговиот против кандидат Павел Иванов од СДСМ.

Ова го објави потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова која исто така е од Штип.


„Иван Јорданов кукавички избега од дебата со единствениот против-кандидат. Јорданов кукавички бега од аргументите за неговото недомаќинско работење, за раскрчмувањето на општинскиот имот, за уништувањето на системот за водоснабдување, за нереализираните ветувања, за загадување на воздухот, за уништување на животната средина, затоа што миже пред дивоградбите и кршењето на законите од страна на најблиските, за скандалот со кражба на нафта и за куп тендери за испумпување народни пари…

Празното столче кажува сѐ. Се плашат од вистината оти работат нечесно и недомаќински. И за тоа ќе ги стигне казна“ пишува Костова.

Можете да прочитате

Патролни возила со радар и 360° камера тргнуваат по прекршителите низ улиците

Лишен од слобода возач од Куманово кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа

Изгоре куќа во Тетово, пожарникарите брзо интервенираа