Утрински Весник
Македонија

Приведен косовски државјанин, крадел струја во продажен објект во Карпош

Broilo evn 360x180 1.jpg

На 29.09.2025 во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош го лишија од слобода С.Н.(36) од Косово.

Имено, по преземени мерки, а по претходна пријава од ЕВН Македонија на 01.07.2025 дека се врши неовластено преземање на електрична енергија, утврдено е дека пријавениот, кој бил сопственик на продажен објект што  претходно го изнајмил, е сторител на кривичното дело „кражба на електрична енергија”.


Со него е извршен службен разговор, при што, исто така, констатирано е дека нема регулиран престој во државата, односно престојот му е изминат на 15.09.2025.

ЕВР Карпош против него поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје. 

Можете да прочитате

СДСМ: Криминалната Влада на Мицкоски молчи за тендерите од 9 милиони евра 

Денес понеделник 1 декември почнува климатолошка зима, нема да има врнежи

Пронајдено безживотно тело во водите на Вардар