Утрински Весник
Скопје

Шукова: Вардариште ќе стане современа претоварна станица, а не дива депонија

1 9.jpeg

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска изјави дека Вардариште ќе добие конечно и трајно решение како дел од планот за Скопје без диви депонии.

„Вардариште мора да се затвори како дива депонија и да се уреди како претоварна станица по европски стандарди,” истакна Шукова.


Таа нагласи дека изминатите четири години на оваа локација не биле преземени никакви интервенции, што резултирало со сериозни еколошки и здравствени последици за граѓаните.

Во нејзината програма е предвидено Вардариште: да се огради и обезбеди со 24/7 чуварска служба, да се исчисти и уреди, да функционира како регуларна претоварна станица со селекција на отпад и да биде дел од интегриран систем за управување со отпадот во Скопје.

„Не смееме повеќе да дозволиме самозапалувања, ниту пристап на лица кои не се надлежни. Вардариште ќе стане функционално, чисто и безбедно,” додаде Шукова.

Можете да прочитате

Општина Аеродром и оваа година домаќин на AERO Street food festival

Град Скопје: Почна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје – подната фонтана повторно ќе блесне

AERO Street Food Festival 2026 – Паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и музиката