Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Седумнаест случаи на труење од штипска сендвичира, кај дел од нив изолирана салмонела

Polnet stek scaled 1.jpg
Img 7972

Се зголемува бројот на деца и вработени од штипско средно училиште, кои имаат симптоми на труење по јадење на сендвичи во блиската сендвичарница. Епидемилиогот, Светлана Живкова  изјави дека до денеска имаат регистрирано 17 лица со симптоми на труење, со што бројката од вчера е зголемена за дополнителни 15 ученици и вработени во штипското училиште.

-До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана „Salmonella enteritidis“. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на Институтот за јавно здравје во Скопје, вели Живкова.


Таа додава дека резултатите од земените примероци се уште се чекаат.

МИА претходно информираше дека сендвичарата е затворена и земени се примероци од храната и работните површини и извршен е и санитарен преглед на сите вработени, како и нивна едукација. Мајка на дете кое заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека симптомите на труење нејзиното дете ги има добиено по консумирање на сендвичи со пилешки стек и пржени компири.

Можете да прочитате

Суспендирани се инспекторите од УЈП кои најавувале контроли во кочанската дискотека „Пулс“

ВЛЕН: „АС Сењак”, алката што го поврзува Ахмети со Мијалков и српскиот режим

(Фото) Опасно возење во Скопје – возач со 3 промили алкохол уапсен