Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски: Од Обвинителството не сум задоволен, сите поврзани со „Пулс“ треба да бидат изнесени пред лицето на правдата

Mickoskikc.jpg
Img 7972

Секој оној, кој на било каков начин и во било каква форма има поврзаност со случајот во Кочaни треба да биде изведен пред лицето на правдата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид во градежни активности на улицата „8 Септември“ во Градско.

Прашан за коментар за новата сторија на ИРЛ, во која се тврди дека има вмешаност на даночни инспектори во случајот Кочани, а не биле опфатени со обвинението, тој нагласи дека случајот го води обвинтелството, односно државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.


-Видовте и вие изминатиот период, 12-тина обвинители работеа на овој случај. Ако е прашањето дали сум задоволен од работата на Обвинителството, мојот одговор ќе биде не сум задоволен. Токму тоа беше причината зошто поддржавме во парламентот смена на Коцевски, а зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски тоа е друго прашање, изјави Мицкоски.

Можете да прочитате

Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс

Мицкоски: Очекуваме убедлива и голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДС од 0 до 6 општини

ВМРО-ДПМНЕ активно ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ и ВЛЕН во општините во кои нема свои кандидати