Утрински Весник
Скопје

Филипче: Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го дават Скопје во смет

S1 cisto 4.jpeg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, при денешната посета на новото депо на ПОЦ, општина Центра, изјави дека изминатиот период градоначалникот Герасимовски преземал активности со кои не дозволи општината да се угуши во смет поради како што кажа ,,нефункционалноста на градот Скопје поради инаетот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска”.

,,Поради тоа што е градот блокиран градоначалникот изминатиот период во времетраење на неговиот мандат превзема работни ингеренции набавува нови возила инструменти се што му ја потребно да се празнат контејнерите, едноставно Центар да биде чиста општина со што покажува дека граѓаните се на прво место, а не партиските интереси и несогласувањата да ги блокираат процесите и едноставно граѓаните трпат поради тоа”, изјави Филипче.


Тој додаде дека тоа се активности кои се под целосна ингеренција на Град Скопје и Комунална хигиена Скопје и дека ”ниту една општина не треба да има возила за собирање отпад, ниту луѓе за таа намена, ниту за чистење на прскање на улиците”.

Филипче изрази задоволство од досегашната работа на градоначалникот на општина Центра, Горан Герасимовски, со верување дека граѓаните ќе ги препознаат овие негови постапки во минатото, неговата искрена работа и се што направил за добрата на општината и повторно ќе му ја дадат довербата.

Тој додаде дека кандидатката за градоначалничка на град Скопје , Каја Шукова, има план и визија што треба да се направи како надградување на тој систем.

,,Во развиениот свет луѓето зборуваат за дезинфекција на контејнерите, за често миење на улиците да се сузбијат ПМ честичките коишто паѓаат доле. За жал ние во 2025 година зборуваме, а контејнерите ни се преполни со ѓубре”, посочи Филипче.

Можете да прочитате

Финансиска поддршка за новороденчињата од општина Кисела Вода

Градоначалникот Ѓорѓиевски се обрати на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“

Нова детска градинка добива општина Ѓорче Петров