Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ДКСК: Само 42% од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори 2025

Dksk.jpg
300x250 opst2

– Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека до денеска 635 институции доставиле податоци за бројот, видот, регистарските таблици и возната состојба на сите службени возила со кои располагаат односно 42%, додека 879 институции односно 58%, воопшто не доставиле податоци.

ДКСК: Само 42% од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори 2025Од 879 институциите што не доставиле информации, според податоците на МВР, ДКСК констатирала дека 192 институции располагаат со 2.028 возила, но не доставиле никакви информации до Комисијата.


– Со оваа пракса се овозможува јавен увид и се поттикнува транспарентност и одговорност кај институциите кои имаат обврска да пријават службени возила, посочуваат од ДКСК.

Како што се појаснува во соопштението од ДКСК, согласно Изборниот законик, јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, имаа обврска во рок од десет дена од денот на донесувањето на одлуката за распишување на Локалните избори 2025 односно до 18.08.2025 година, до 24:00 часот, да достават податоци до ДКСК за бројот, видот, регистарските таблици и возната состојба на сите службени возила со кои располагаат институциите.

ДКСК на својата веб-страница го објави Регистарот на службени моторни возила, како законската обврска од Изборниот законик.

Исто така, со цел да се обезбеди транспарентно информирање на јавноста и да се спречи евентуална злоупотреба на службените возила во изборната кампања, ДКСК на својата веб-страница објави податоци за институциите кои немаат доставено податоци за службените возила (линк), како и преглед на податоци за марката и регистарскиот број на возилата од институциите кои не доставиле податоци, а располагаат со службени возила (линк).

Обврска да достават податоци имаа вкупно 1.514 институции според податоците на Централниот регистар на Република Северна Македонија.

До 29 септември 2025 година, 635 институции доставија податоци односно 42%, додека 879 институции односно 58 %, воопшто не доставија податоци.

Од 635 институциите што доставија информации, 63% односно 403 институции тоа го сторија во законскиот рок и пријавија 4.079 возила, додека 232 институции податоците за 2.558 возила ги доставија по истекот на рокот.

Од доставените податоци од 635 институции, во регистарот досега се објавени информации за 578 институции кои располагаат со 6.637 возила, додека 57 институции известија дека не располагаат со возила.

Од вкупно 6.637 возила внесени во Регистарот на возила, 5.456 се во возна состојба, 1.003 не се во возна состојба, а за 178 возила воопшто нема податоци за возната состојба.

Во однос на споредбата меѓу податоците што ги доставија институциите и оние што ги добивме од Министерството за внатрешни работи (МВР), утврдено е дека кај дел од институциите бројот на пријавени возила целосно се совпаѓаат (34% од институциите), но има и значителен број случаи каде што институциите (66% од институциите) пријавиле повеќе или помалку возила отколку што стои во евиденцијата на МВР. Исто така, постојат и институции кои пријавиле дека располагаат со возила (27 институции), а во податоците на МВР тие возила воопшто не постојат, што укажува на можност возилата да се водат на друго правно лице, но да им бидат дадени или отстапени на користење.

Постојат и податоци за возила со статус на класифицирани информации, поради што истите не се јавно објавени.

Можете да прочитате

Апсење во Тетовско – Ова се причините

ОГРОМНА НЕГАТИВНА ТЕМПЕРАТУРНА АНОМАЛИЈА: Доаѓаат голем студ, многу дожд и снег!

Фазлиу: ДУИ претворена во приватна компанија во служба на српските интереси