Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Секој оној којшто на каков било начин има поврзаност со случајот за Кочани да биде изведен пред лицето на правдата

Img 7992.jpeg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновата сторија на ИРЛ која споменува вмешаност на даночни инспектори во случајот Кочани, а не биле опфатени во обвинението, изјави:„Благодарам, се разбира дека случајот го води Обвинителството. Јавниот државен обвинител Коцевски, таму видовте и вие, изминатиов период дванаесетина обвинители беа тие коишто работеа на овој случај. Ако е прашањето, дали сум задоволен од работата на обвинителството, мојот одговор ќе биде не сум задоволен. И токму тоа беше причината зошто поддржавме во Парламентот смена на Коцевски. А зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски, тоа е друго прашање. Така што треба, секој оној којшто, на каков било начин и во каква било форма има каква било поврзаност со тој случај да биде изведен пред лицето на правдата.“

Можете да прочитате

Во тетовско откриени странски државјанки кои се можни жртви на трговија со луѓе

Апелација ја поништи забраната за штрајк во М-НАВ: Контролорите на летање добија зелено светло веднаш да протестираат

Апасиев до Гаши: Со месеци ја држите во фиока информацијата по претставката на родителите од Кочани