Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Шукова: Скопје за сите, се бориме за нашиот дом со реални проекти и знаење

694b4d54 150b 4e84 9415 01c0a5b1b7ec.jpeg
Img 7972

Соопштение за јавност на СДСМ:

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ Каја Шукова ја презентираше својата конкретна програма и приоритети за подобрување на животот во градот.


Шукова, ја претстави својата визија за Скопје за сите – одржливо, паметно, солидарно. Потенцираше дека преку знаење и реални проекти:,,Се бориме за нашиот дом со реални проекти и знаење”.

Во својот говор, Шукова нагласи дека Скопје мора да биде град со чист воздух, уредени улици, функционален јавен превоз, зелени површини и современо управување со отпадот. Таа истакна дека не ветува чуда, туку чесна и посветена работа, со транспарентна и отчетна власт.

„Скопје не е експеримент. Граѓаните не се тука за некој да ‘проба’ уште еднаш. Јас нема да бидам градоначалник на партијата, ќе бидам градоначалник на граѓаните”, рече Шукова.

Кандидатката презентираше дел од проекти кои вклучуваат:

Воведување на 100 нови еколошки автобуси и БРТ систем за јавен превоз;

Изградба на 15 нови паркови и засадување на 10.000 нови дрвја;

Модернизација на комуналната хигиена, воведување подземни контејнери и редовно собирање отпад;

Технолошки парк на Град Скопје место каде стартапите, иноваторите и претприемачите ќе најдат сè што им треба на едноместо: канцеларии, лаборатории, менторска поддршкаи пристап до инвеститори;

Изградба на нови училишта и младински центри;

Поддршка на културни настани и уметнички фестивали;

Воведување отворен буџет и дигитални услуги за транспарентно управување со јавните средства.

Шукова истакна дека нејзиниот тим се состои од експерти за урбанизам, сообраќај, екологија, економија, култура и спорт, младин кои ќе ја спроведуваат визијата за подобрување на животот во Скопје.

,,Јас не барам поддршка ‘против некого’, туку поддршка за вас, за вашите семејства, за вашите деца. Ајде заедно да го изградиме Скопје како модерен, европски, зелен и хуман град”, заклучи Шукова.

Можете да прочитате

Без струја делови од Ѓорче Петров

Општина Аеродром од понеделник почнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад

Лабудовиќ: Во Центар владее хаос – урбанистички, сообраќаен, комунален, еколошки, не смееме да дозволиме тоа да продолжи!