Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Од полноќ почнува изборната кампања – СДСМ од Крушево, ВМРО-ДПМНЕ од Скопје

Adsiz 940 x 600 piksel.png
Img 7972

Од полноќ официјално почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври. Со тоа стартува изборната трка за градоначалници и советници во сите општини низ државата.

СДСМ ја започнува својата кампања од Крушево, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе го има првиот митинг во Скопје.


Овие избори се осми локални избори од независноста на државата, а четврти по ред на кои граѓаните ќе избираат и градоначалници и советнички листи во 80 општини и во Градот Скопје.

Според податоците на Државната изборна комисија, за функцијата градоначалник вкупно се натпреваруваат 309 кандидати, додека за советничките места поднесени се 576 кандидатски листи со 10.490 кандидати.

На последната седница во петокот, ДИК го заклучи Избирачкиот список, на кој се запишани 1.832.415 граѓани со право на глас.

Можете да прочитате

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана, лишени од слобода две лица

Апсења на Табановце: Италијанка и Германец се обиделе да внесат дрога

Скопјанка пронајдена почината во својот дом