Утрински Весник
Свет

Трамп праќа војска и во Портланд; „Под опсада е од терористи и од Антифа“

Tramp epa.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испраќа воени сили во Портланд и дека е подготвен да ја одобри нивната „целосна сила“ доколку е потребно.

Трамп напиша на својата мрежа Truth Social дека му наредил на министерот за одбрана Пит Хегсет да испрати војници во Орегон.


„На барање на министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, му наложувам на министерот за војна Пит Хегсет да ги обезбеди сите потребни војници за да го заштити Портланд, разурнат од војна, и нашите објекти на ICE кои се под опсада на Антифа и други домашни терористи“, напиша американскиот претседател.

Не е јасно на која правна основа се повикува Трамп кога зборува за „целосна сила“ на војската во американски град.

Според федералниот закон Posse Comitatus од 1878 година, претседателот генерално нема право да ги користи вооружените сили за спроведување на закони во земјата.

Трамп оваа година веќе испрати припадници на Националната гарда во Лос Анџелес и Вашингтон, каде што имаше судири со демонстрантите и жителите поради имиграциските рации што ги нареди.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел