Утрински Весник
Економија

Министерот Дурмши во Тетово: Реални можности за зајакнување на жените и младите

Img 20250927 wa0001 scaled.jpg

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмши, учествуваше на настанот „Жени кои инспирираат“, кој обедини жени лидерки, активистки и претставнички на институции од земјата и регионот.

Во своето обраќање, министерот Дурмши истакна дека политиките на министерството имаат за цел создавање на реални и мерливи можности за сите граѓани, со посебен акцент на жените и младите. Тој ги презентираше податоците од активните мерки за вработување за 2025 година, нагласувајќи дека досега аплицирале над 7.000 граѓани, од кои 2.130 се жени. Само во мерката за самовработување на лица над 29 години аплицирале 811 жени, во мерката за млади до 29 години – 726 жени, додека во мерката за здружување во трговски друштва – 593 жени.


Министерот потенцираше дека Оперативниот план за 2025 година е фокусиран на конкретни резултати, опфаќајќи три клучни столбови: обуки за над 2.000 лица со различни профили, практикантство за младите со месечен надомест од 12.000 денари, како и финансиска поддршка и менторство за самовработување.

„Секој чекор што го правиме е инвестиција во човекот. Особено во жената. Бидејќи секоја можност за жената е можност за напредокот на општеството“, посочи министерот

Можете да прочитате

Занаетчиите со силна поддршка за иницијативата на министерката Божиновска за институционална заштита на македонскиот рубин

Мицкоски: Од први октомври почнува исплатата на линеарното зголемување на пензиите

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа