Утрински Весник
Македонија

Во Кочани денеска ќе се одржи 24. „Марш за ангелите“

20250927074028 big 730x400 18.webp.webp

Денеска со почеток во 17:05 часот, ќе се одржи 24-тиот Марш на ангелите, најавува здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“, додавајќи дека маршот е посветен на нивните 62 ангели, чиј живот беше насилно прекинат на 16 март 2025 година.

-Овој марш е симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност. Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината која им ја должиме, се наведува во соопштението.


Маршот ќе започне од Паркот на револуцијата, преку Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани. Потоа ќе продолжи кон Управата за јавни приходи. На кружниот тек кај УЈП и МВР, предвидено е кратко запирање по што колоната ќе продолжи кон полициската станица. Потоа оттаму кон Основниот суд и Обвинителство со враќање кон Паркот на револуцијата, соопштија од здружението „16 Март 2025 г. Кочани“.

Можете да прочитате

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

ССМ најавува масовен протест за зголемување на платите на 28 јануари

Левица: Началник од Министерство за земјоделие осигурал туѓи поседи и ги користел субвенциите