Утрински Весник
Свет

Трамп: Се водат интензивни разговори со земјите од Блиски Исток за изнаоѓање на решение за конфликтот во Појасот Газа

Tramp.webp.webp

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека се во тек интензивни разговори со земјите од Блискиот Исток за да се најде решение за конфликтот во Појасот Газа.

Тој на сопствената социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) објави дека разговорите ќе продолжат колку што е потребно.


– Интензивните разговори траат веќе четири дена и ќе продолжат колку што е потребно за да се постигне успешен договор. Вклучени се сите земји во регионот, наведе Трамп.

Трамп неделава се сретна со лидери и претставници од голем број муслимански земји, со кои разговараше за ситуацијата во палестинската енклава, која е под интензивирани израелски напади.

Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, изјави дека Трамп им презентирал на лидерите предлози, вклучувајќи мировен план од 21 точка за Блискиот Исток.

Хамас е многу добро запознаен со овие дискусии, а Израел е информиран на сите нивоа, посочи Трамп без да откри детали за дискусиите, но ги опиша како „инспиративни и продуктивни“. 

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел