Утрински Весник
Македонија

ДИК го заклучи Избирачкиот список – 1,83 милиони гласачи за локалните избори

Izbori.webp.webp

Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Република Северна Македонија за локалните избори изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко на  138. седница на ДИК.

Кондарко соопшти дека согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица.


– Во посебниот извод на Избирачкиот список, за лицата  кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани влкупно 112.000 избирачи. Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани вкупно 2.162 избирачи. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои се наоѓаат во установи за вонсемејно згрижување а кои поднеле пријава за гласање, по принцип на активна регистрација во установата во која се згрижени се запишани вкупно 450 избирачи, соопшти Кондарко.

На седницата едногласно беше донесена одлуката за заклучување на Избирачкиот список за спроведување на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година.

– Државната изборна комисија го заклучува Избирачкиот список за спроведување на изборите за советите на општините и Советот на Град Скопје, како и за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година. Граѓаните се потпишуваат во еден Избирачки список и гласаат на локалните избори. Значи еден е избирачкиот список на гласачките места за локалните избори, рече Кондарко.

Како што беше појаснето од членот на ДИК, Ангелчо Ристов, во државата се констатирани 3.480 избирачки места, од кои во 132 избирачки места се потпишани помалку од десет избирачи. Гласањето за нив, рече, ќе биде спроведено на најблиското избирачко место.

– Во предлог упатството таксативно се наведени сите општински Изборни комисии и сите избирачки места во кои што се запишани помалку од десет гласачи, каде што нема да се спроведува гласање на тоа избирачко место, туку на наведените избирачки места гласањето ќе го спроведе најблискиот одбор од најблиското избирачко место на наведеното избирачко место. Општинските изборни комисии нема да испраќаат избирачки одбори и истите гласачи ќе го остварат правото на глас во најблиското избирачко место со запишани над десет гласачи, рече Ристов.

Ги задолжи општинските Изборни комисии во координација со подрачните одделенија и регионални канцеларии на ДИК да преземат дејствија за известување на гласачите на оние избирачки места каде што се запишани помалку од десет гласачи.

Можете да прочитате

ЛАДЕН БРАН НА БАЛКАНОТ: Ни доаѓа првиот снег за оваа сезона!

Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени, прифаќам само македонски црвени линии

Скринингот кој го побара СДСМ покажа дека граѓаните се труеле, кој ќе поднесе одговорност прашуваат од СДСМ