Утрински Весник
Македонија

Филипче: По седум години раст на платите во здравството, ВМРО-ДПМНЕ го запре

20250925205434 big 730x400 5.webp.webp

Ова власт секој ден покажува и докажува дека работи само за големите компании, за големите приватни болници, додека здравствениот систем тоне во хаос, а за граѓните ништо не се прави, изјави вечерва од Струмица, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.  

„Се отвора прашањето кого крои политики министерот за здравсто,за доброто на јавното здравство, на болниците, клиниките, здравствените установи или за доброто на приватните болници под влијање на неговите најблиски советници. Но тоа не не изненадува”, рече Фиипче.


Во изјавата за медиуми,Филипче посочи дека во секоја област од здравството има проблем кој директно го чувствуваат на свој грб граѓаните.

„Голем проблем во изминатиот период, се закажувањата на термините за различни снимања, хируршки интервенцији на пациентите. За жал, морам да кажам дека во здравствениот систем има огромни проблеми и огромни пропусти”, рече Филипче.

Тој додаде дека младите здравствени работници се оставени сами на себе, а здравстениот систем е без контрола.

„Се соочуваме со една ситуација во која што млади лекари и специјализанти се оставени сами на себе, без никаква подрошка, без никаква супервизија, и кога тие се впуштаат сами без контрола во работата, а здравствениот систем и министерството не прават ништо да го воспостават тој систем на контрола, се случуваат големи грешки”, рече Филипче.

Како што кажа Филипче, Владата на ВМРО ДПМНЕ не направи ништо за подобрување на статусот на здравствените работници, за разлика од времето кога Владата на СДСМ вложуваше и во здравствената инфраструктура и во покачување на платите.

„ Жалам што после оние политики во седумте години на владењето на СДСМ  кога направивме се, да ги зголeмиме платите, примањата кај лекарите, медицинските сестри, оние коишто деноноќно работат за доброто на пациентите и успеавме да ги дуплираме, некаде да ги зголемиме и два и пол пати, сега овие година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ здравствените работници немаат никакви зголемувања. Тоа е еден доказ дека оваа власт не се грижи за доброто на работниците, ниту пак за државата. Жалам што во Министерството за Здравство, во главниот советнички тим на министерот, има лекари од приватните болници”, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Владините возила на министрите ќе останат необележани така советува АНБ и МВР

Повторно пожар на депонијата кај Арачиново

Ангелов: Опасен пламен од пакуван сончоглед – депонијата кај Арачиново гори