Утрински Весник
Македонија

32 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 56 лица

Pozar korejaj.jpg

Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 23.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.012 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 56 лица, а по преземени мерки поднесени се 32 кривични пријави.

Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност.


Воедно ве известуваме дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 23.09.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми.

Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.

Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите.

Можете да прочитате

Милошоски индиректно го прозва и премиерот – Во Правда се држи несоодветен кадар, ЗНАМ реагира

Донесена одлука за украсување на Тетово

Гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија треба да биде готов до крајот на 2027 година