Утрински Весник
Македонија

Пожар во скопската населба Козле

Pozhar vo kozle izgorea kuka i pomoshna prostorija 09 23 2025 10 26 am.png

Синоќа околу 01:50 часот во скопската населба Козле избувнал пожар на улицата „Јуриј Гагарин“, објави МИА. Во пожарот била опожарена една куќа и помошна просторија.

Очевидци кои биле на местото на настанот велат дека огнот почнал зад помошната просторија која се наоѓа во близина на куќата.


Од МВР информираат дека во пожарот нема повредени лица. „На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. Јуриј Гагарин во Скопје настанал пожар, при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б. (73), И.С. (41) и М.А. (53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, соопшти полицијата.

Во моментов се врши увид на местото на пожарот за да се утврдат причините и околностите под кои избувнал огнот.

Можете да прочитате

СДСМ: Со Мицкоски нема судски реформи, неговата цел е партизирано судство

(Видео) Хорор во поликлиниката „Јане Сандански“, канализација тече во лабораторијата

Мицкоски за условната пресуда за случајот Онкологија: Со вакви одлуки, судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми