Утрински Весник
Македонија

Меџити: Воздухот во Трубарево е чист, се чекаат резултатите за почвата

Medziti.jpg

– Воздухот во Трубарево е чист, во текот на денот се чекаат резултатите од испитувањето на почвата што ги прави универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, информира денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

По посетата на Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, прашан за состојбата во Трубарево по пожарот во фабриката за рециклирање електричен и електронски отпад посочи дека со стабилизирање на состојбата со огнот се стабилизирала и состојбата со воздухот.


– Ние ги прикажавме резултатите и од дење и од ноќе, кога беа покачени. Веднаш откако се стабилизира состојбата со огнот се стабилизираше и состојбата со воздухот. Таму е чисто, нема никаков проблем. Сега работиме на испитување на почвата. Во текот на денот ги чекаме испитувањата од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и јавноста ќе биде известена, рече Меџити.

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска соопшти дека согласно индикативните мерења на суспендирани цврсти честички (PM10) на мерното место во Трубарево, спроведени во периодот од 21.09.2025 во 08:30 часот до 22.09.2025 во 08:30 часот, просечната концентрација изнесува 14.2 µg/m³. Највисоката измерена вредност била 44.1 µg/m³, додека моменталното ниво било 11.9 µg/m³.

Резултатите, како што беше наведнео во соопштението, покажуваат дека концентрациите на PM10 се во рамки на дозволените и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје, согласно Уредбата за квалитет на амбиентниот воздух.

Пожарот во фабриката „Нула отпад“ за рециклирање електричен и електронски отпад во скопско Трубарево се случи на 13 септември.

Можете да прочитате

Пералната на Клинички не работи, вработените со месеци без плата

„Повеќе од дијагноза, кога науката ги менува животите“, настан за подигнување на свеста за хематолошките малигнитети

Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба