Утрински Весник
Македонија

Пијани возеле скутер па излетале од патот – едно момче заврши во болница

Motor motociklist soobrakjajka.jpg

На 21.09.2025 во 02 часот, на улицата „7 Ноември” во Охрид, 20-годишниот Б.П. од селото Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл „пијаџо” со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Д.К.(20) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” Охрид.

По преземени мерки, утврдено е дека двајцата биле под дејство на алкохол, кај Б.П. се утврдени 1,05 промили, а кај Д.К. 1,19 промили алкохол во крвта. Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.


Можете да прочитате

За семејно насилство приведени шест лица

Грозоморно убиство во Зрновци, пронајдено безживотно женско тело

Пожар во куќа во Прилеп, повреден еден пожарникар