Утрински Весник
Македонија

Томовски: Ќе се набават 100 амбулантни возила

Tomovski 1.jpg

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

На телевизија Сител во „Тема на денот“ гостуваше Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.


Томовски истакна дека од продажбата на службените возила кои се вон употреба ќе се набават 100 амбулантни возила и тоа 80 во 2026 година додека останатите 20 во 2027 година.

„Од продажбата на овие возила коишто ќе ги расходоваме проценето е дека почетната цена би била некаде околу 1 милион и 600 илјади денари, тие средства одат во буџетот на државата, после тоа од тој буџет на државата ќе одлучуваме што понатака.  На последната седница на Влада помина одлука со којашто се задолжи Министерството за здравство да набави 100 амбулантни возила во текот на наредната година, со одложено плаќање на пет години. 80 возила ќе бидат набавени во 2026 година останатите 20 возила ќе бидат набавени во 2027 година, правиме некаков исчекор, ги расходоваме овие возила, и почнуваме со набавка на амбулантни возила а сум убеден дека истото ќе се пристапи и кон противпожарни возила“, рече Томовски.

Во врска со обвинувањата на СДС и нивната кампања Томовски додаде:

„Во врска со СДС и ДУИ живеат уште во минатиот век, никако да излезат од онаа нивна матрица, има подметнување на пожари, обвинувања разноразни за некакви набавки, очекувам дека ќе продолжат со таква кампања бидејќи немаат конкретна понуда кон граѓаните и би им дал совет доколку сакаат да им се доближат на граѓаните, доколку сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните треба да пристапат кон решавање и понуда на конкретни решенија за одредени проблеми во општеството. Ние ќе водиме позитивна кампања, кампања на проекти, не очекувам ништо поразлично“, дециден е Томовски.

Можете да прочитате

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје

Мециновиќ: Матрицата на ДПМНЕ дека мандатот им е гарантиран може да се урне во западна Македонија

Мицкоски се самопрогласи за победник на локалните избори: „Правиме план за денот потоа“ вели тој