Утрински Весник
Свет

Сајбер-напад создаде хаос на неколку европски аеродроми

London Aerodrom Epa.jpg

„Во петок навечер беше извршен сајбер-напад врз давателот на услуги за системите за чекирање и качување, што ги погоди повеќе европски аеродроми, вклучително и аеродромот во Брисел,“ соопштија од Бриселскиот аеродром. Поради тоа, беше можно само рачно чекирање и издавање на борд-карти.

Станува збор за системите на компанијата Collins Aerospace, чија технологија ја користат аеродроми ширум светот за самостојно чекирање и печатење на борд-карти и багажни етикети.


Во Брисел, според портпаролката Ихсане Чиуа Лехли, во саботата беа откажани девет лета, четири беа пренасочени кон друг аеродром, а 15 каснеле повеќе од еден час. Аеродромот најави дека половина од неделните летови ќе бидат откажани за да се избегнат долги редици и дополнителни доцнења.

Во Берлин немаше откажани летови, но беа предупредени патниците на доцнења и подолги процедури при чекирање. Лондонскиот Хитроу, пак, соопшти дека нарушувањата биле „минимални“ и дека немало откажувања.

Само од Брисел во саботата требаше да полетаат околу 35.000 патници, поради што од аеродромот апелираа патниците да дојдат само доколку нивниот лет е потврден.

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп