Утрински Весник
Македонија

Мојсоска: ДПМНЕ потврди дека неовластено ја следи Левица, сега проверете ги сметките и на Заеви

Jovana mojsoska 585x353 1.jpg

Соопштение на Левица:

Актуелната пратеничка од редовите на Левица и кандидат за градоначалник на општина Струга, Јована Мојсоска, која беше тема на денешната прес-конференција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, остро им возврати и откри дека опозицијата е мета на неовластено следење:


„Епа честитки, режимот на ДПМНЕ официјално потврди дека неовластено се следи опозицијата!

Бројлеров на Кондрад Аденауер – Валентин Манасиевски денес излегол на прес во очај да ја скандализира платата која сум ја добивала како вработена за вршење сметководство на Левица! Манасиевски, инаку е вработен во кабинетот на Муцунски и во работно време држи очајни пресови против Левица, ама тоа не е ни тема. 

За разлика од ДПМНЕ, кое има над 20 вработени на плата само за да штанцаат ботовски коментари, Левица имаше едно вработено лице и тоа бев јас. И можам да им се понудам на Белата палата да им го работам сметководсвото (за нешо над минимална плата), затоа што сите ревизорски извештаи за финансиите на Левица се целосно усогласени со законската регулатива.

Баш заради ваквите паразити што цицаат плата од десет места, кога аплицирав за работа со 9.4 просек во нивното време на мијалковизмот, не ни бев викната на интервју – пошо за мене немаше место во нивните партизирани институции.

И најбитното, ова е преседан каде се врши неовластен упад во лични сметки, без индиции за сторено кривично дело! Додека Мицко плаче дека бил следен, неговите контиња мавтаат со податоци за лични трансакции, кои ги добиле незаконски и неовластено и кои можат да се добијат само доколку јас сум била под посебни-истражни мерки за следење (доколку има индиции за сторено кривично дело)!

Јавно го повикувам Мицкоски и неговиот “другар од УЈП” , како што се следат личните трансакции на пратеници на Левица, наредно да ги објават приливите на личната сметка на Заеви. Ако смеат нормално. Во нормална држава, власта да излегува со податоци добиени од следење на опозиција каде нема кривично дело, тоа ќе беше скандал. Ама вмроидното владеење изгради менталитет на ширење страв, закани, уцени и најропачки манипулации и затоа денес имаме режим кој на пресови се фали дека се следи опозиција.” – напиша таа.

Можете да прочитате

(Видео) „Ниту една повеќе“ протест против насилството врз жените и молкот на институциите

Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар – Кичево

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на најтемниот партизациски мрак во историјата на државата