Утрински Весник
Економија

Меѓународен ден на еднакви плати, на глобално ниво, жените заработуваат во просек 20 отсто помалку од мажите

20250918105547 big 730x400 89.webp.webp

На глобално ниво, жените заработуваат во просек 20 отсто помалку од мажите или за секој долар што го заработува маж, жената зема околу 80 центи (извор: ILO, Pay transparency can address the gender pay, 2022), информира Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA) по повод 18 Септември, Меѓународниот ден на еднакви плати.

Во Европската Унија, како што велат, просечниот родов јаз во платите во 2023 година изнесува 12,7 отсто (извор: Eurostat). Најголем јаз е забележан во Латвиа (19%), додека во Луксембург жените заработуваат повеќе од мажите, со родов јаз од 0,9 проценти.


– Во нашата земја иако со измените на Законот за работни односи се пропишани еднаква плата и еднаков третман во однос на вработувањето, условите за работа, професионалните шеми за социјално осигурување и забрана за дискриминација (член 6), практиката покажува дека законските гаранции не се доволни. Родовиот јаз во платите во 2022 година изнесува 13,5 проценти. Просечната годишна бруто-заработувачка на мажите била 615.725 денари, додека кај жените 532.625 денари. Најголема разлика во просечната годишна бруто-заработувачка помеѓу мажите и жените има кај вработените на возраст од 45-49 години. Од аспект на степенот на образование, најголем родов јаз се јавува кај вработените eсо високо образование. (ДЗС, Мажите и жените, 2025), се посочува во соопштението од GEA.

Овие разлики, како што се потенцира, се должат на повеќе фактори како што се пониска застапеност на жените на раководни функции, дискриминација на пазарот на трудот, поголема концентрација во сектори со пониско вреднуван труд, како и фактот дека 80–90 отсто од работниците што примаат минимална плата се жени. Дополнително, постојат хоризонтална сегрегација – недоволно вреднување на „женските“ професии, и вертикална сегрегација – помала веројатност жените да добијат унапредување и раководни позиции.

Можете да прочитате

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Пилинг крема од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки – избрани најдобрите зелени бизнис-идеи за 2025

(Фотогалерија) Во Скопје се одржа најголемата бизнис конференција на „Бизнис лидер“