Утрински Весник
Македонија

Левица: Институционален неуспех што убива, а можеше да се спречи – уште еден фемицид во Велес 

Photo 2025 09 17 11 24 28.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Деновиве сведочиме за грозоморен акт при кој уште една жена го загуби животот заедно со својот татко, избодени до смрт од нејзиниот поранешен партнер, кој потоа си го одзеде животот. Ова не е трагедија што доаѓа ненадејно, туку фемицид кој системот имаше можност да го спречи, но повторно не го стори тоа! 


Левица веќе алармираше дека е неопходна измена на Кривичниот законик со која телесната повреда при семејното насилство и насилството врз жени ќе се гони по службена должност, а не исклучиво по предлог на жртвата. Пратениците од Левица поднесоа законски измени во таа насока, но владејачкото мнозинство на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, овој предлог го одби само поради ароганција.

Дополнително, неопходно е итно отворање на државни безбедни засолништа за жртви на насилство, кои имаат капацитет да понудат трајна и сеопфатна поддршка – правна, психолошка и економска, бидејќи жената не смее да биде оставена сама во борбата со насилникот.

Министерството за внатрешни работи со години демонстрира неспособност и тенденција да не ги сфаќа сериозно поплаките на жените. Жртвите на семејно насилство редовно пријавуваат закани, насилство и прогон, а институциите или воопшто не реагираат, или реагираат доцна и половично. Оваа практика испраќа јасна порака дека државата не ја гледа безбедноста на жените како приоритет.

Со ова што се случува, се повторува истиот образец што го видовме и со други колективни катастрофи – институциите постојат само на хартија. На терен нема превенција, координација и одговорност. Фемицидите, коишто веќе станаа нормалност во Македонија, не се приватна драма, туку политички неуспех!
Секое следно убиство ќе биде сведоштво дека институциите не пропуштилe еднаш, туку дека нивната нефункционалност е СИСТЕМСКО ПРАВИЛО!

Покрај алармантната ситуација со жртвите на семејно насилство, државата нема донесено никаква стратегија за спречување и заштита од насилство!

Можете да прочитате

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Ладни утра, можен мраз и сонце преку ден!

Заврши мерката „училишна кошничка“, заштедата за семејство со двајца ученици е околу 3 000 денари, вели Ристески

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ