Утрински Весник
Економија

Поевтинуваат цените на горивата – 24info.mk

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.


Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна