
Соопштение на СДСМ:
СДСМ ги објави 64 кандидати за градоначалници и во речиси сите општини ќе одиме и со советнички листи. Очекувањата се граѓаните да го препознаат концептот којшто СДСМ го нуди, а тоа се чесни кадри со сериозна визија за заздравување на општините и градовите, за коишто ВМРО-ДПМНЕ имаше шанса четири години да покаже што знае и што умее да направи, но за жал гледаме една тотална нефункционалност во општините коишто ги раководи, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитриевијќ во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Тој потенцираше дека СДСМ ќе понуди сериозна програма со сериозни луѓе, ќе понуди нешто што е изводливо и нешто што е функционално пред сè за граѓаните.
-Не ветуваме чуда и не ветуваме бајки што нема да може да се остварат. Ветуваме реални решенија за реалните проблеми со коишто граѓаните се соочуваат секојдневно. Јас очекувам граѓаните да го препознаат концептот којшто ќе го понуди СДСМ овие локални избори”, потенцираше Димитријевиќ.
Во општините во кои што градоначалници се од СДСМ во овој момент очекува повторно убедлива победа.
-Но, сериозни се и кандидатите во другите општини, бидејќи навистина понудивме кадар којшто е одговорен и луѓе коишто се професионалци и докажани и покажани во своите средини, да дадат еден сериозен инпут, и граѓаните тоа да го препознаат. Апсолутно, тоа што го гледаме секојдневно и целата функционална нефункционалност на системот којшто го имаме како на локално така и на централно ниво, навистина покажува дека ВМРО-ДПМНЕ сериозно ја губи довербата кај граѓаните. Но, ако ме прашувате дали сме сè уште на потребното ниво како партија, секако треба уште многу да работиме и тоа во следниот период и до почеток на кампања и со самиот почеток на кампања ќе го покажеме. Очекувам сериозно враќање на довербата кај граѓаните во СДСМ”, додаде Димитријевиќ.