Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ вели опозицијата подметнува пожари, а Али, Артан, Чупеска и компанија, биле пиромани во служба на злото

Vmro Dpmne 1.jpg

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС, ДУИ и нивните пиуни како Ана Чупеска се последните што имаат право да зборуваат за способност. Тие со години ја разнебитуваа државата и денес, наместо да понудат решение, играат улога на жртви и шират паника.


Народот одамна препозна дека СДС е во коалиција со темните сили на злото: криминалците, тајкуните и рушителите на институциите. Тие се вистинските инспиратори и потпалувачи на пожарите во Македонија, и буквално и политички.

Затоа денес ги гледаме како измислуваат сценарија, со треперливи гласови глумат загрозеност и се обидуваат да прикријат една вистина, дека одговорноста за сите катастрофи во државата е нивна. Дека токму тие ја задолжија Македонија, ја оставија без иднина, ги растераа младите и ја распродадоа честа.

Сега, кога народот им ја затвори вратата, тие се обидуваат да запалат политички пожари за да преживеат уште малку.

Но огнот на вистината веќе ги зафати нивните редови.

Времето на пироманите заврши.Следи време на одговорност и правда.

Можете да прочитате

Поставена мерна станица во Трубарево која ќе биде во функција 24 часа

Левица сподели фотографија од сообраќајката а Сашо Јанчев – „Нашиот пратеник не возел над дозволеното и не бил пијан“

ИЈЗ: Во моментов нема ниту минимално отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот