Утрински Весник
Македонија

Министерство за животна средина: Забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот во Трубарево

Img 6941.jpeg

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата на РСМ и Државниот инспекторат за животна средина, ја информира јавноста дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните поради пожарот што настана во магацинот за електронски отпад во Трубарево.

Согласно препораките од Државниот инспекторат за животна средина, се преземаат следните активности:


 • До Институтот за јавно здравје е доставено барање за извршување на анализа на вода од бунари што ги користат домаќинствата во непосредна близина на опожарениот магацин;

 • Министерството за животна средина и просторно планирање издаде забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот;

 • Во наредните 7 дена, акредитирана лабораторија ќе врши 24/7 мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух;

 • До Основното општинско училиште „Крум Тошев” во Трубарево е испратена препорака за ограничување на движењето на учениците на отворен простор сè до стабилизирање на состојбата.

Апелираме до граѓаните внимателно да ги следат официјалните соопштенија и да ги почитуваат насоките од надлежните институции со цел заштита на сопственото здравје и здравјето на нивните најблиски.

Можете да прочитате

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Претреси во Скопје, Тетово и Гевгелија, неофицијално шестмина уапсени

Газда Деко понудил имот вреден 200.000 евра како гаранција дека нема да избега

ЛДП: Владата транспарентно да објави сѐ за мисијата на Фетаи во Брисел