Утрински Весник
Македонија

Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување

Img 7099.jpeg

Четири лица се повредени во пожарот што вчера избувна во објект за рециклирање на електронски отпад во Трубарево, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева на заедничката прес-конференција со вицепремиерот Изет Меџити и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Требаше на оваа прес-конференција да биде присутен и министерот за здравство, но тој е во посета на четворицата повредени од вчерашниот пожар. Изјава ќе даде во 13 часот од Клиниката за токсикологија“, рече Митева.


Според неа, две лица се хоспитализирани, а две биле згрижени амбулантно. Првичните информации укажуваат дека повредите се најверојатно од вдишување чад.

Повеќе детали се очекуваат на прес-конференцијата на министерот за здравство Азир Алиу во 13 часот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол