Утрински Весник
Свет

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Berbok2 730x375 1.webp.webp

Претседателката на Генералното собрание на ООН Аналена Бербок изјави дека мировните сили на ООН би можеле да имаат улога во обезбедувањето мирно решение за војната во Украина, пренесе ДПА.

– Ако се постигне мировен договор, тој мора да биде гарантиран на најдобар можен начин. Ако мнозинството земји-членки сметаат дека за тоа се потребни ‘сини шлемови’, тоа би можело да обезбеди траен мир, рече Бербок, поранешна германска министерка за надворешни работи, за неделното издание на весникот „Билд“.


Сојузниците на Украина со месеци работат на планови за потенцијална нова фаза во војната – од прекин на огнот до мировен договор. Сепак, таквите напори бараат подготвеност од Москва за преговори. Украина инсистира на безбедносни гаранции во случај на прекин или престанок на воените дејствија. Според воени експерти, за ова би можеле да бидат потребни десетици илјади војници, на пример од европски сојузници, или пак мировна мисија на ООН со „сини шлемови“ во улога на набљудувачи.

Бербок официјално ја презеде функцијата претседател на Генералното собрание на ООН на 9 септември. Нејзината улога во Њујорк е главно церемонијална и не треба да се меша со онаа на генералниот секретар на ООН, нагласува ДПА.

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите