Утрински Весник
Македонија

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Следуваат поројни дождови, грмежи и силен ветер!

Meteoalarm.mk 33.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на атмосферски фронт од север  и од северозапад, денес (недела 14 септември) во попладневните, вечерните часови како и во текот на ноќта кон понеделник (15 септември) и во понеделник наутро во нашата Република Македонија ќе дојде до поголемо дестабилизирање на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места, особено во северната  и во источната половина од нашата Македонија со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со услови за локална појава на град. Токму поради ова, апелирам во случај на појава на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност, тоа значи да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења  и со услови за локална појава на град.

Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 30 степени.

Можете да прочитате

ОЈО Скопје презема дејствија околу пожарот во Трубарево

„Екоцид, корупција и криминал“ – жесток статус на Миноски за состојбата во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокризија кај СДСМ, наутро сеат страв, навечер се журкаат во парк