Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Дрисла е под 24-часовен надзор со термални камери

Ae1f6958 80e6 464c bafd f6a21c56b992.jpeg

По големиот пожар што избувна на депонијата „Дрисла“ на 9 септември, властите преземаат заострени мерки за спречување на нови инциденти. На локацијата се поставени термални камери кои ќе го следат движењето на можни сторители што би се обиделе намерно да потпалат, а во исто време зголемен е бројот на полициски патроли.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска изјави дека состојбата е под постојан надзор и дека тимовите работат на целосно санирање на жариштата.


„Вчера изработивме два пристапни патишта низ заезерувањето од отпадни води, длабоко околу 1,5 метар, кое претходно нѐ спречуваше да стигнеме до местото каде се случува чадењето. Денеска на терен имаме максимален број на багери и булдожери кои чистат и затрупуваат. Очекувам до крајот на денот добар дел од ова жариште да биде целосно покриено,“ изјави Ангелов.

Тој најави и ангажирање дополнителна механизација за отворање поширок фронт, со цел побрзо справување со чадот кој веќе со денови создава магла и непријатен мирис што се шири низ половина Скопје.

Можете да прочитате

ИЈЗ со препораки за заштита од загадениот воздух и чадот од пожарите

ИЈЗ со препораки за заштита од загадениот воздух и чадот од пожарите“

После 7 часа борба со оганот, пожарот во Трубарево ќе се гаси со песок