Утрински Весник
Македонија

Српската Алта банка ја презема Стопанска банка од Битола

Stopanska banka bitola.jpg

Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија донесе одлука со која се одобрува понудата на АЛТА банка АД Белград за преземање на Стопанска банка АД Битола.
Понудата вклучува 371.538 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка, и заедно со 19.439 акции што веќе ги поседува АЛТА банка и поврзаните страни, претставува 100 проценти од основниот капитал на оваа банка.

Преземањето ќе се реализира по цена од 3.777 динари, односно нешто помалку од 7.200 динари по акција- објави Каматица. Како што е наведено во документацијата, понудата ќе се смета за успешна ако ја прифатат акционери кои поседуваат најмалку 273.795 акции, што е 70,03 проценти од вкупниот број акции со право на глас.


Да ве потсетиме дека во мај, Стопанска банка АД Битолa објави дека добила официјално известување од компанијата со седиште во Белград, „Алта груп д.о.о.“, за нејзината намера да понуди преземање на до 100 проценти од обичните акции со право на глас издадени од банката.

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме доаѓа во Македонија!

Манасиевски: Над 700.000 денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните

Стравична број на прекршоци на автопатот Скопје-Тетово: Камерите во тест фаза бележат илјадници прекршоци дневно