Утрински Весник
Свет

Тајлер Робинсонe осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Image 65 768x394 1.png

Осомничениот убиец на Чарли Кирк, кој е идентификуван како Тајлер Робинсон (22), е уапсен, потврди шефот на ФБИ, Кеш Пател, на заедничка прес-конференција со гувернерот на Јута, Спенсер Кокс.

Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута, е уапсен 33 часа по убиството на Чарли Кирк на Универзитетот Јута Вели. Властите потврдија дека член на семејството му кажал на семеен пријател дека Робинсон наводно имплицирал дека го извршил злосторството, а потоа тој пријател ја известил полицијата.


Истражителите пронашле пушка и куршуми со натписи како „Еј фашисту! Фаќај!“ („Hey fascist! Catch!“) и „Бела Чао“ („Bella Ciao“).

Гувернерот Кокс рече дека Робинсон се предал во Вашингтон, мало место во југозападна од Јута, кое е околу 420 километри од Солт Лејк Сити. Робинсон исто така живеел таму.

Канцеларијата на гувернерот на Јута објави негови фотографии по апсењето.

Можете да прочитате

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

Русија го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз

Иранскиот комплекс за збогатување уран Натанз е погоден во напади од воздух