Утрински Весник
Македонија

Николоски: Обвинителството да ги истражи злоупотребите што се правеле во АНБ и да ги процесуира одговорните

Nikoloski.webp.webp

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска го повика Обвинителството да ги истражи индициите на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за злоупотреби што биле вршени во Агенцијата за време на претходното раководство, а одговорните да бидат процесуирани.

Ваквиот став Николоски го сподели во објава на социјалните мрежи, во која на самиот почеток со големи букви пишува дека одговорноста и процесуирањето на одговорните за злоупотреба на тајните служи е предуслов за демократија во Македонија.


Oбјавата на вицепремиерот и министер за транспорт доаѓа откако во петокот беше објавено дека Агенцијата за национална безбедност доставила три известувања до Јавното обивнителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување.

Известувањата, како што велат од АНБ, се резултат на внатрешна истрага спроведена по промена на власта во 2024 г., а се однесуваат на постапувања во периодот од 2019 до 2024 година.

Николоски во објавата на Фејсбук наведува дека уште додека ВМРО-ДПМНЕ била во опозиција искажала сомнежи дека се следени од тајните служби, кои, како што вели, биле злоупотребувани од власта на СДСМ И ДУИ. Покрај овие партии, тој го споменува и поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски.

„Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа! Повикувам Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби“, вели Николоски во објавата на Фејсбук.

Можете да прочитате

Синот на Субрата Рој уште е на избирачкиот список

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија