Утрински Весник
Македонија

Нема загадување, мониторинг системот мери чист воздух вели Министерството

F6c6d344 8a8b 43f3 b1b8 b78771da4218.jpeg

Министерството за животна средина соопшти дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ), во периодот од 10 до 12 септември не се регистрирани надминувања на граничните вредности за сулфур диоксид (SO₂), азот диоксид (NO₂), јаглерод моноксид (CO) и озон (O₃).

Надминувања се забележани само кај суспендираните честички РМ₁₀ (со гранична вредност од 50 μg/m³), и тоа:


  • на мерното место Лисиче, на 10 септември со концентрација од 55,93 μg/m³, особено во вечерните и ноќните часови (од 19:00 до 02:00 часот);
  • на мерното место Центар, на 11 септември со концентрација од 50,41 μg/m³.

Во целина, Министерството оценува дека часовните концентрации на РМ₁₀ честичките се релативно ниски на повеќето мерни места во Скопје, со исклучок на Лисиче, каде што во ноќните и утринските часови се бележат повисоки вредности, додека попладне истите се намалуваат.

Можете да прочитате

Синот на Субрата Рој уште е на избирачкиот список

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија