Утрински Весник
Македонија

Поранешни генерали, лекари, спортисти и професори на листите на ЗНАМ

Img 6848.jpeg

Партијата ЗНАМ на денешната прес-конференција ги претстави носителите на советничките листи за претстојните локални избори во скопските општини и во Град Скопје.

Портпаролот Никола Мемов соопшти дека Извршниот одбор донел одлука партијата да настапи со сопствени листи во вкупно 53 општини, плус Градот Скопје.


Најголемо внимание привлече носителот на советничката листа за Скопје – генерал Горанчо Котевски, поранешен началник на Генералштабот на Армијата.

За останатите скопски општини, ЗНАМ предложи:

  • во Аеродром – Љупчо Марковски Калц, поранешен фудбалер,
  • во Центар – Крумислав Мишко Барзов, познат познавач на автомобилската индустрија,
  • во Карпош – Јасмин Циривири, хирург ортопед во ГОБ „8 Септември“,
  • во Бутел – Ѓорги Чековски, поранешен кошаркар,
  • во Гази Баба – Зоран Доневски, пензиониран началник во полицијата,
  • во Ѓорче Петров – Тони Симиќ, поранешен кошаркар,
  • во Кисела Вода – Сашо Петровски, приватен стопанственик,
  • во Чаир – Николче Наумов, адвокат.

Извршниот одбор на ЗНАМ донел и одлука за поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Кочани, д-р Влатко Грозданов, за кого претходно поддршка најави и ВМРО-ДПМНЕ.

Освен Котевски, на листата за Градот Скопје се најдоа и професори како Билјана Андреска-Богданоска и Горан Ајдински, доктори како Злате Мехмедовиќ, како и кошаркарскиот тренер Марин Докузовски.

Можете да прочитате

Синот на Субрата Рој уште е на избирачкиот список

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија