Утрински Весник
Економија

Тренчевска: Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, ќе прифатите ли зголемување на минималната плата на 500 евра?

Jovana t sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати две прашања до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кои се однесуваа на постојаното поскапување на цените, лошиот животен стандард на граѓаните, како и одбивањето на власта да ги покачи платите, во време кога трошоците за живот растат.


Во продолжение, интегрален текст од прашањето:

Македонија станува земја во која трудот не се вреднува, достоинството на граѓаните, на работниците е понижено.

После 15 месеци, граѓаните гледаат и чувствуваат на свој грб дека од оваа влада не можат да очекуваат никаква помош, ниту мерки за подобрување на животниот стандард, ниту повиски плати. Гледаат и слушнаа дека се оставени сами.

Статистиката постојано регистрира раст на основните трошоците за живот растат, на цените, а стагнирање на платите.

Да не се лажеме, забавувањето на инфлацијата на месечно ниво за август како што сака да прикаже премиерот не е репер дека нешто се подобрува.

Македонија има инфлација меѓу највисоките во Европа. Просечната инфлација во ЕУ изнесува 2.1%, а кај нас во август годинава е двојно повеќе, 4.4%.

Само прехранбените производи се поскапи за 6,7%, а дури за 11% во август се поскапени зеленчукот и овошјето. Цените на сите производи одат само нагоре.

Минималната синдикална кошница, откако сте на власт, секој месец урива нови рекорди.

Во јуни 2024 година, минималната синдикална кошничка беше 60.325 денари, а во август минатата година надмина 61.199 денари. Денес, таа достигна 65.507 денари.

Тоа значи дека во периодот откако оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е на власт, основните трошоци за живот се зголемени за околу 4.300 денари. Во исто време, минималната плата е зголемена за само 1.800 денари. Ова е директен удар врз стандардот на граѓаните и работниците.

Овие бројки се поразителни и доказ дека немате ниту капацитет ниту желба да ја зауздате растечката инфлација и цените. Секоја мерка овие 15 месеци ви доживеа дебакл.

Наместо да ги заштитите граѓаните, застанавте на страната на заштита на профитите на големите маркети.

И упорно не преземате ништо. Платите не мрднуваат, додека земјите од регионот веќе донесоа одлука за раст на минималната плата. Во Албанија од следната година минималната плата ќе биде 500 евра, во Србија 550 евра – нашите граѓани остануваат на дното.

Македонската просечна плата е само 35% од просечната плата во ЕУ, а цените достигнуваат  60% од европскиот просек на цени.

Ова не се резултати на некаква трета, четврта економска сила, туку на земја која тоне во сиромаштија.

Немате оправдување, затоа што имате механизми како да го ставите под контрола покачувањето на цените и како да ги зголемите платите. 

Да ве потсетам дека СДСМ и во најголемите кризи, и за време на ковидот и за време на енергетската криза, не бараше изговори за зголемување на платите – тие постојано растеа . Ги заштитивме  работните места, компаниите, го заштитвме стандардот на граѓаните со мерки од  над 2 милијарди евра, кои што директно ги упативме кон граѓаните.

Додека ние се грижевме, вие ги манипулиравте граѓаните.

Минималната плата од 8.000 денари ја зголемивме на 22.500 денари, а просечната плата од 22.000 денари, на 40.000 денари.

Вие ја прекинавте оваа сприала на раст на платите и тоа во време кога нема никава криза.

Пратеничката група на СДСМ понуди предлози со коннкретни решенија за пониски цени и повисоки плати, но вие експресно ги одбивте.

Оттука, имам две прашања до вас министре:

1.Дали планирате да донесете мерки за намалување на цените на прехранбените производи ?

2. Дали ќе ги прифатите предлозите на пратеничката група на СДСМ за зголемување на минималната плата на 500 евра и укинување на ДДВ за прехранбени производи?

Можете да прочитате

Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – рокот за аплицирање до 5 октомври

Власта нејќе да чуе за зголемување на минамалецот, Дурмиши вели така ќе се отпуштале работници

На 17 септември се одржува првата конференција „Бизнис Лидер“